Екипата на Наполи е на само една победа до лидерот Јувентус откако денеска во рамките на 22.коло од Серија А на гостински терен ја победи Парма и го искористи вчерашниот „кикс„ на Јувентус и на Лацио.
Напредок на табелата по ова коло забележа Милан кој славеше во Бергамо против Аталанта.
Резултати на денешните натпревари од 22.коло во Италијанското фудбалско првенство: Болоња – Рома 3:3, Катанија – Фиорентина 2:1, Аталанта – Милан 0:1, Парма – Наполи 1:2, Каљари – Палермо 1:1, Сампдорија – Пескара 6:0, Удинезе – Сиена 1:0. Вечерва играат Интер – Торино (почеток 20:45).
Вчера, Лацио беше поразен од Киево со 0:1, додека Јувентус одигра само 1:1 со Џенова.
Табела: Јувентус 49 бодови, Наполи 46, Лацио 43, Интер 39, Милан 37, Фиорентина 36, Катанија 35,…