Италијанскиот калчолигаш Наполи го одреди 20 јули како последен рок до кога напаѓачот Едисон Кавани треба да се произнесе каде ќе ја продолжи кариерата.
Уругваецот има важечки договор со Наполи до 2017 година. Клубот за него има одредено откупна клаузула од 54 милиони фунти.
– Мислам дека Кавани ќе остане во Наполи. Убеден сум во тоа затоа што мислам дека тој е прав човек и дека нема да ме изигра. Но, останува да видиме дали ќе си оди или не, а тоа ќе го знаеме наскоро, изјави претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис.
Соиграчот на нашиот Горан Пандев минатата сезона ја заврши со 38 постигнати голови. За него интерес покажуваат Челзи, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен.