Наполи ја победи Рома

Од:

Наполи со 2:0 ја победи Рома во премиерниот дуел од 10.коло на италијанскиот фудбалски шампионат.

Уште во 3-та минута од натпреварот одигран попладнево во Неапол, домашниот тим дојде во водство со голот на Аргентинецот Гонзало Игуаин. На вториот гол се чекаше се до 85-минута кога во листата на стрелци се запиша Шпанецет Каљехон, поставувајќи ги конечните 2:0 за Наполи.

Вечерва се играат уште две средби. Емполи е домаќин на шампионот Јувентус, а Парма го пречекува Интер.

Утре (недела) на програмата се натпреварите: Киево – Сасуоло, Сампдорија – Фиорентина, Торино – Аталанта, Удинезе – Џенова и Милан – Палермо.

Колото ќе биде заокружено во понеделник со средбите,  Чезена – Верона и Лацио – Каљари.

Табела: Јувентус 22 бодови, Рома 22 (еден натпревар повеќе), Лацио 16, Милан 16, Сампдорија 16, Удинезе 16 …

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска