Наполи и Манчестер Сити водат преговори околу трансферот на Едисон Кавани, а Италијаните за него го бараат Един Џеко и 30 милиони евра.
Уругваецот веќе се договори со „Граѓаните“ околу личните услови, според кои неделно ќе заработува 175.000 евра.
Сепак трансферот се уште е во реализација бидејќи Наполи сака адекватна одштета за својот најдобар напаѓач, кој е интересен и за Челзи.
Од друга страна, новиот тренер на Наполи, Рафаел Бенитез е задоволен од евентуалното доаѓање на Џеко, кој во Наполи ќе има иста плата, како и во Манчестер.
Елена Георгиевска