Автобусот на Пари Сен Жермен синоќа беше нападнат од хулигани во Марсеј кои фрлаа тврди предмети. Едно топче за голф го скрши стаклото во близина каде што седеше Златан Ибрахимовиќ, кој за малку избегна повреда.
Раководството на парижаните го пријави инцидентот во полиција. Освен вознемиреност немаше други последиците по играчите на францускиот шампион.
ПСЖ на „Велодром“ синоќа во дербито на колот го победија домашниот Олимпик Марсеј со 3:2.