Нант ја објави разделбата со Раниери

Од:

Тренерот на Нант, Клаудио Раниери, ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната. Ова го соопшти претседателот на клубот Валдемар Кита. Таквите шпекулации веќе некое време постоеја во медиумите, но сега и официјално добија потврда.

– Нема што да се крие. Имавме средба со спонзорите, тој им се заблагодари на сите. Раниери, исто така, заслужува благодарност за се што направи тука. Не беше секогаш лесно.

Односите меѓу претседателот и тренерот менторот беа доста затегнати во последниве неколку месеци. Кита критикуваше некоја одлука на Италијанецот кој му одговори дека ако не е задоволен од неговата работа, тој секогаш може да го отпушти.

Раниери потоа не се појави на официјална вечера по повод јубилејот на клубот, велејќи дека не нашол паркинг простор.

66-годишниот Раниери го презеде Нант минатото лето и потпиша договор до 2019 година. Не успеа тимот да го одведе во Лига Европа што беше амбиција пред почетокот на сезоната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска