Првиот натпревар од 34. коло од француската Лига 1 меѓу Нанси и Олимпик Марсеј одигран синоќа заврши без голови 0:0.
Со освоениот бод гостите се пробија на петтото место на табелата и ги задржаа шансите за едно од местата во еврокуповите, додека Нанси со 32 бода е на 17.место и натаму се наоѓа во опасната зона за испаѓање од Лига 1.
Денеска се играат шест дуели: ПСЖ – Монпеље, Бордо – Бастија, Каен – Нант, Дижон – Анже, Лил – Генгамп и Лориен – Мец. Во недела се играат натпреварите: Тулуз – Ница, Сент Етиен – Рен и Олимпик Лион – Монако.
Табела: Монако 77 бодови, ПСЖ 77, Ница 73, Олимпик Лион 54, Олимпик Марсеј 52, Бордо 52,…