Намалена суспензијата на Конте на 4 месеци

Од:

Суспензијата на тренерот на Јувентус, Антонио Конте официјално е намалена од 10 на 4 месеци, па кормиларот на „Старата дама“ ќе може да се врати на своето работно место на 8 демекври.

Намалувањето на казната доаѓа откако адвокатскиот тим на Конте до судот приложил дополнителни докази кои му одат во прилог на нивниот клиент, па така тој ќе може да се врати на клупата на калчолигашот од Торино во 16. коло против Палермо на 9. декември.

Конте беше прогласен за виновен дека додека бил тренер на Сиена, не учествувал во местење и нечесни дејства, но не ни се обидел да ги спречи, односно пријави истите, иако имал сознанија за нив. На Конте му беше дозволено да ги води тренинзите на Јуве, но неговиот заменик Масимо Карера е на клупата и во Серија А, и во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска