Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан нема да може да учествува во натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Сасуоло, соопштува прес-службата на „нероаѕурите“.
Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на мускул на десната нога.
Сезонава Наинголан одигра пет натпревари за Интер и нема постигнато гол.