Надал за однесувањето на Ѓоковиќ: Кога сте пример за многу деца, не е добра слика да го фрлате рекетот

Од:

Дваесеткратниот освојувач на Грен слем, Рафаел Надал, го критикуваше Новак Ѓоковиќ за однесувањето на Олимпијадата во Токио, откако тој го фрли својот рекет на трибините во мечот за бронзата.

– За среќа, немаше никој таму и ништо не се случи. Но, овие работи се случуваат понекогаш. Се разбира, треба да се обидете да ги избегнете. Ова не е добро за сликата, и подобро е да избегнувате такви ситуации – особено кога сте пример за многу деца. Малку е чудно да се види како успешен играч понекогаш реагира на овој начин, истакна Надал.

Шпанскиот тенисер одлучи да ги пропушти Олимписките игри, а Ѓоковиќ пред Токио 2020 изјави дека најдобрите тенисери ќе бидат присутни на најголемиот светски спортски настан.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата