Надал: Го советувам Мареј да се врати на терен

Од:

Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал откри дека разговарал со Енди Мареј за неговото враќање на терен по повредата.

Британскиот тенисер го повреди колкот на Вимблдон и оттогаш не игра, а во почетокот на годината одлучи да оди на операција.

Мареј најави дека планира да се врати во периодот со турнири на трева, но тој веќе се наоѓа на листата на пријавени за Ролан Гарос.

– Сум бил во таква ситуација. Знам колку е тешко и фрустрирачко да работите секој ден и да не можете да го видите светлото на крајот од тунелот. Не го гледате напредокот, но кога еден ден ќе се појавите на терен се чувствувате подобро, истакна Надал.

Според шпанскиот тенисер најважно за Мареј е да се врати на терен, но тогаш кога ќе биде во потполност подготвен.

– Враќањето не е лесно. Ако е Енди здрав ќе се врати. По долгата пауза во почетокот межеби нема да победува, но тој не заборавил како се игра тенис. Набргу потоа повторно ќе се бори за трофеи, нагласи најдобриот тенисер во светот.

Надал наведе дека иако со Мареј се ривали на теренот, тие меѓусебно контактираат и дека пријателството им е важно.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Надал никогаш поемотивен: „Моето тело веќе долго време испраќа сигнали…“

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест