Надал: Енергијата во Њујорк не може да се спореди со никаде на друго место

Од:

Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал истакна дека е подготвен да страда за да ја одбрани својата титула на Ју Ес Опен, кој започнува в понеделник. Надал ќе се соочи против сонародникот Давид Ферер во првиот круг, а првата сериозна пречка може да биде Кевин Андерсон во четвртфиналето, додека Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ се во другата половина на ждребот.

– Ние страдаме на теренот, но тоа е исто така задоволство, бидејќи тоа е нашата работа. Ние секојдневно тренираме да бидеме подготвени за акција, за натпревар. Ова е уште поважно за големите турнири. Енергијата тука во Њујорк не може да се спореди со никаде на друго место. Ги сакам вечерните дуели, ја сакам мојата врска со публиката. Јас секогаш се чувствувам добро тука, изјави Шпанецот.

Претходно овој месец, тој го освои „Мастерс“ турнирот во Торонто, а потоа го пропушти натпреварувањето во Синсинати.

– Резултатот во Торонто ми даде можност да одморам малку. Како што сите знаат, веќе не сум толку млад. Се обидувам да го сочувам своето тело, за да играм што е можно подолго. Тоа е нешто што навистина сакам да го постигнам. Одморив, тренирав и сега сум тука, додаде трикратниот шампион на „Флешинг медоус“.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Надал никогаш поемотивен: „Моето тело веќе долго време испраќа сигнали…“

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест