Над 450 учесници на планинарскиир марш „По падините на Плавуш“

Од:

Над 450 планинари од триесетина планинарски друштва од нашава земја и  50 члена  на Пешачкиот клуб „Калабак“ од Петрич, Република Бугарија,  денеска го реализираа Традиционалниот планинарски марш „По падините на Плавуш“.

На стартната точка во центарот на Валандово од името на организаторот на маршот – Планинарскиот клуб „Југ„  Гоце Монев ги поздрави учесниците и им посака добредојде, при што изрази благодарност до Советот на општината и до фирмите од општина Валандово, кои ја  помоигнаа организацијата на оваа масовна планинарска манифестација.

Благодарност до домаќините за беспрекорната организација  и честитки за претстојниот општински празник 6 ноември – Ден на ослободувањето на Валандово, од името на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија  упати Љубо Котески.

Патеката долга 12 километри, која спаѓа во категоријата на средно тешки планинарски патеки сите учесници во маршот успешно ја совладаа за четири часа.

Денешното дружење на планинарите во Валандово заврши со заеднички ручек и веселба во Манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“, каде на  сите планинарски друштва и клубови им беа доделени благодарници за учеството во маршот „По падините на Плавуш“.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска