На Парма и се одземени уште четири бода

Од:

Екипата на Парма остана без уште четири бода, откако Фудбалската асоцијација на Италија одлучи дополнително да ја го казни последно пласираниот тим во Серија А.

Парма по оваа казна е во незавидна ситуација и речиси залудни и беа последната победа против шампионот Јувентус, како и ремито на гостувањето против Интер.

Причина за санкцијата е непочитувањето на административните закони.

Покрај бодовната казна, суспензија од по шест месеци добија поранешиот претседател Џанпјеро Маненти и главниот директор Пјетро Леонарди, посочени како главни виновници за финансиската криза во клубот и доведувањето под знак прашалник на доигрувањето на сезоната.

На Парма претходно и беа одземени три бода и сега место 19 има само 12 бода или 17 помалку од местото кое обезбедува опстанок во лигата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска