На Копа Америка – 41 заразен со Ковид-19

Од:

Триесет и еден играч и членови на делегациите на Копа Америка се позитивни на Ковид-19 до неделата, првиот ден на фудбалскиот турнир во Јужна Америка со 10 нации, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Други 10 случаи на инфекција се потврдени меѓу вработените кои работат во хотели каде што престојуваат играчи и делегации, изјави министерот за здравство Марсело Квеирога.

Потврдата за новите случаи на инфекција доаѓа додека административното и раководното тело на јужноамериканскиот фудбал КОНМЕБОЛ (Конфедерасион судамерикана де футбол) се бранат од обвинувањата за организирање на турнирот. Бразил беше прогласен за домаќин на шампионатот со помалку од две недели известување откако беше одземено од домаќините Колумбија и Аргентина поради бранот граѓански протести и зголемениот број случаи на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) По натпреварот, играчите на Уругвај тргнаа да се пресметаат со публиката

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска