На Гвардиола повеќе му е битно да го сакаат, отколку да освојува титули

Од:

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола на изненадување на многумина кои го сметаа за човек опседнат од освојување трофеи, изјави дека тоа не му е најважна работа во неговата тренерска кариера.

– Не ме интересираат толку многу титулите, колку што ми е битно луѓето да ме сакаат. Тоа е нешто што сакам да го имам низ мојата тренерска кариера и тоа е смислата на мојата работа. Играчите понекогаш се навредуваат и мислат дека имам нешто против нив, а всушност тие одлуки се базираат на тактиката. Со еден играч бев на кафе, разговаравме за животот, а не за фудбалот. Следниот натпревар тој играч постигна два гола, исткна шпанскиот стручњак.

Гвардиола тренерската кариера ја почна во Б-тимот на Барселона, од 2008 до 2012 беше прв тренер на Барселона од каде замина во Баерн Минхен. Во неговата седумгодишна тренерска кариера има освоено 20 трофеи.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска