На гледачите на Светскиот фудбалски куп во Бразил им е забрането да користат кашироли

Од:

Се споредува со рачната граната која дава лименодувачки продорен звук, во зафрканција се нарекува „прославена ѕвечарка“, е еден британски спортски новниар ја опиша како „глупост“.

Ова е каширола, бразилскот одговор на вувузелата, пластичната труба која се извлекува и која звучи како водено бафало и која им беше претсавена на ушните тапанчиња за време на Светскиот куп 2010 во Јужна Африка.

– Ако мислевте дека вувузелата е грозна, почекајте додека не ја слушнете каширолата, со ужас се изјаснија од дневниот весник Гардијан во Британија.

Но излегува дека многу луѓе и не се згрозени.

И покрај тоа што некои го благословуваат овој „кревач на џева“, меѓу кои е бразилската претседателка Дилма Русеф, и кој е прифатен од ФИФА, највисокото тело на фудбалот во светот, федералните служби ја забранија каширолата на 12 фудбалски стадиони во Бразил, каде ќе се одигруваат натпреварите од Светскиот куп.

Наводно, овој инструмент е забранет од безбедносни причини. Но забраната сепак не ја сопре каширолата да прави бучава на пазарот.

Маркетинг службите на Светскиот куп се зафатени со продажба на каширолата онлајн, како едно од „10-те нешта кои морате да ги имате“ како добро опремен навивач. Иако сепак може да се употребува надвор од стадионите, и во присутноста на Светскиот куп каде било, овој инструмент веќе е достапен во големите продавници, како што е Волмарт, и на некои фри-шопови по аеродромите, вели произведувачот Маркетинг стор од Чикаго. Неговата редовна цена е 14 долари.

Личи на пресечен авокадо, а каширолата е направена од пластика произведена од етанол од бразилска шеќерна трска, и е исполнета со мали пластични честички. Кога ќе ја протресете, произведува умерено гласен звук – нешто помеѓу бебешка тропалка и капки дожд на лимен покрив. Произведена е во Бразил, а секоја каширола го има официјалниот знак на ФИФА, достапна е во боите на секоја од 32-те земји кои учествуваат со свои тимови на Светскиот куп.

Композиторот и перкусионист Карлињос Браун, кој е бразилскиот културен идол и бил номиниран за Оскар, ја измислил каширолата, но немал претстава за бучавата која таа ќе ја направи на пазарот. На бројни веб страни на интернет ја споредуваат со вувузелата. На страната на Би-Би-Си, некои коментирале дека повеќе сакаат каширолата да е помала по облик, други пак делеле комплименти дека повеќе личи на музички инструмент. На блог на ЕСПН, некој коментирал колку претпазливо унифирмирана станала стадионската култура.

Браун вели дека кога го подготвувал дизајнот за каширолата, сакал да направи еколошки симбол на афроамериканските корени на неговата земја – нешто слично на дрвените перкусионистички стапчиња на будистичките свештеници.

– Барав свет инструмент кој постои во речиси секоја култура, рече тој.

Неговиот инструмент можеби ја плаќа цената на конроверзите кои ја опкружуваа вувузелата која си го најде патот до стадионите од Светскиот куп во Јужна Африка во 2010 година. Додека постојано се слушаше на телевиските преноси, тој звук стана амбиентална музичка подлога на целиот турнир. Некои гледачи налудничаво правеа претерана бучава. Други пак посакуваа да постои копче за замолчување.

Самата каширола минатата година не беше дочекана со воодушевување од службените лица откако маса навивачи на фудбалски меч во Баија го озвучија теренот со кашироли кои им беа бесплатно дадени по барање од Браун. Бразилското Министерство за правда потоа забрани користење на каширолата на минатогодишниот Куп на конфедерациите, кој беше еден вид предигра за Светскиот куп, кога Бразил беше домаќин и го освои.

Минстерството одлучило да каже не за инструментот на Светскиот куп.

„Препорачуваме да не се користи затоа што може да им наштети на навивачите кои го гледаат натпреварот“, рече Даниеле Симоес, портпарол во Министерството.

Браун признава дека се почусвтвувал „делумно засрамен“ по дебаклот во Баија – посебно затоа што тогаш играл неговот омилен тим, Баија спорт клуб, во неговата родна држава. Но тој сепак смета дека каширолата неправедно се стигматизира.

– Го обвинуваме инструментот, а наоколу имаме секаков вид насилство создадено од недостиг на социјална структура, насилство направено од страст, насилство од потреба.

Браун вели дека кога ја претставил каширолата сакал други да ја копираат и произведуваат без никаква намера тој самиот да заработи. Како резултат на тоа, се појавиле барем пет апликации за каширола за онлајн симнување. Тие прозведуваат прилично помала бучава во споредба со звукот на оригиналната каширола, за која некои велат дека воопшто не може да се споредува со нивниот бучен претходник.

Според едно истражување на германски професор по акустика, какофонијата која ги пара ушите не е проблем и со каширолата. Стефан Паул, кој предава акустички инженеринг на бразилскиот Федерален универзитет во Санта Марија, вели дека пред неколку месеци почнал да го тестира нивото на притисок на звукот кој го произведува каширолата.

Неговите тестирања откриле дека каширолата е значајно помека од вувузелата, нивото на децибели оди до 80 дБ, во споредба со 109 дБ на јужноафриканскиот инструмент.

„Каширолата не претставува никаква опасност за системот за слушање кај луѓето, како што беше случај со вувузелата“, рече Паул. Тој го споредува нивото на бучава на каширолата со нивото на бучава по градските улици.

Браун, кој сака да се опишува себеси како „едноставен човек без образование“ изгледа повеќе збунет отколку вознемирен заради чудниот пресврт во судбината на каширолата.

„Кога гледам дека се продава по 14 долари, сфаќам колку е тоа апсурдно“, вели тој. „Можеби тоа и не е инструмент кој е добар за Светскиот куп“.

Волстрит џорнал – Њујорк

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он