На финалето на „Вембли“ ќе бидат пуштени 40.000 гледачи

Од:

Еден од двата полуфинални натпревари, како и финалето на ЕУРО2020, чиј домаќин е Лондон, ќе можат да се играат во присуство на 40.000 гледачи на трибините на стадионот „Вембли“, соопштија денеска британските власти.

Владата во Лондон ги одобри плановите за дваесет пилот-настани, кои ќе можат да се одржат во присуство на публика, вклучувајќи го Европското фудбалско првенство и претстојниот тениски турнир во Вимблдон.

– Би сакале да собереме докази за тоа како главните настани можеме да ги отвориме за јавноста со цел истите да се одвиваат безбедно, и што е уште поважно, да можат да останат од отворен карактер, изјави британскиот министер за култура Оливер Доуден.

Навивачите, кои имаат обезбедено билети за натпреварите од ЕУРО2020 на „Вембли“ мораат да приложат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19 или негативен тест на коронавирус.

Би можело да ве интересира

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски

Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Жарко Настоски

Англија се избори за своето прво финале на европските првенства

Жарко Настоски

Италија по четврти пат е во финалето на европските првенства

Жарко Настоски