МЗТ Скопје убедливо го совлада Гостивар со 95:74 во натпревар од третото коло од Суперлигата.
Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов доминираа во текот на целиот натпревар и овојпат не дозволија изненадувања.
МЗТ по само десет минути игра направи предност од 26:19, која се задржа речиси иста до полувремето 53:45.
Актуелниот кошаркарски првак имаше извонреден трет период во кој го реши натпреварот, постигнувајќи двоцифрена разлика 32:20.
Најефикасен кај МЗТ беше Џордон Крафорд со 24 поени, а Таварион Никс со 16 поени беше најпрецизен кај Гостивар.