МЗТ со победа над шампионот Цибона ги заврши домашните настапи во АБА лигата

Од:

Во последниот натпревар на домашен терен од овогодинешната сезона на АБА лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром синоќа ја совладаа Цибона со резултат 78:65 и успеаја да ја прекинат серијата од седум порази по ред.

Македонскиот шампион одигра добар меч, оствари водство од седум поени по првите 10 минути, додека на полувремето замина со предност од 38:29. Во третата четвртина се играше сосема рамноправно, за да отпорот на гостите од Загреб целосно биде скршен во последниот период, кога МЗТ Скопје направи двоцифрена предност.

Петмина играчи на МЗТ Скопје Аеродром беа со двоцифрен поентерски учинок, а нив ги предводеше капитенот Урош Лучиќ кој средбата ја заврши со 16 поени и девет скока. Марко Симоновски беше стрелец на 15, Сеад Шеховиќ на 13, Стефан Синовец на 12, а Предраг Самарџиски беше со двоен ефект од 11 поени и 11 скока.

Во тимот на Цибона, најефикасни со по 13 постигнати поени беа Влатко Илиевски и Анте Жижиќ.

За аеродромци ова беше седма победа наспроти 18. порази, доволно за претпоследното 13.место.

Се уште актуелниот шампион Цибона на едно коло пред крајот на лигашкиот дел е едно место погоре на табелата со девет победи и 16 загубени натпревари.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска