МЗТ Скопје со пораз од Морнар го заврши настапот во АБА лигата

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром со пораз го заврши својот настап во регионалната кошаркарска АБА лига.

Во натпревраот од последното 26. коло одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, аеродромци се совладани од црногосркиот тим Морнар со 63-69 по четвртини 16-18, 15-17, 10-21 и 22-13.

Ова беше дури 18 пораз на македонскиот шампион кој сезоната ја заврши со само 8 победи. Тоа е вториот најлош настап на МЗТ Скопје Аеродром во АБА конкуренцијата, откако во сезоната 2014-2015 имаше само 7 победи и дури 19 порази.

Најдобриот настап МЗТ Скопје го имаше во дебитантската сезона (2012-2013) кога имаше учинок од 14 победи и 12 порази.

На претходно одиграните натпревари од последното коло беа постигнати овие резултати: Мега Лекс – Карпош Соколи 82-69, Игокеа – Партизан 70-64, Цедевита – ФМП 104-92, Крка – Цибона 95-91 и Задар – Унион Олимпија 81-78.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелот Црвена Ѕвезда – Будуќност по чиј исход ќе се знаат и полуфиналните двојки.

Табела: Црвена Ѕвезда 24-1 (победи-порази), Цедевита 20-6, Партизан 19-7, Будуќност 18-7, Игокеа 13-13, Мега Лекс 11-15, Цибона 11-15, Морнар 10-16, ФМП 10-16, Карпош Соколи 10-16, Олимпија 10-16, Задар 9-17, МЗТ Скопје Аеродром 8-19 и Крка 8-18.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска