МЗТ Скопје се искачи на 5. место во АБА лигата

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион триумфално ја почна 2016 година со висока победа од 86:70 вечерва на гостувањето кај Игокеа во Лакташи.

Ова беше четврта победа во последните пет настапи за тимот од Јане Сандански по доаѓањето на тренерското место на Александар Јончевски по што екипата изби на 5. место на табелата во АБА лигата.

Најзаслужни за успехот на „сино-белите“ беа Ѓорѓе Дреновац со 27 поени, Марко Љубичиќ со 16 и Дамјан Стојановски со 15 поени.

Аеродромци најдобро одиграа во првата четвртина којашто ја решија во своја полза со 31:16, во 27. минута имаа плус 20, за на крајот да го зачуваат двоцифреното водство кое го имаа речиси во текот на целиот меч.

Постигнати резултати на досега завршените натпревари од 18.коло:

Мега Лекс – Задар 87:61,
Крка – Олимпија 55:59 и
Будуќност – Тајфун 81:61.

Вечерва играат Цибона – Металац, а утре колото ќе се комплетира со дуелите Црвена звезда – Цедевита и Сутјеска – Партизан.

Табела: Будуќност 34 бода, Цедевита 31, Црвена звезда 30, Мега 30, МЗТ Скопје Аеродром 26, Крка 26, Олимпија 25, Тајфун 25, Задар 25, Цибона 24, Металац 24, Игокеа 23, Партизан 23, Сутјеска 22.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска