МЗТ Скопје противник на Работнички во финалето на „Хуавеј Супер Купот“

Од:

Освојувачите на трофеите во двете домашни натпреварувања, победникот на националниот Куп, Работнички и шампионот МЗТ Скопје Аеродром ќе се борат за трофејот во „Хуавеј Супер Купот“.

Во второто полуфинале синоќа во Охрид шампионот МЗТ Скопје го победи вицепрвакот Куманово со 78:75 во меч кој се одлучуваше во последните секунди, иако аеродромци имаа сигурна предност по три одиграни четвртини.

Во последните 10 минути Куманово беше блиску до резулатски пресврт, но на крајот кошаркарите на МЗТ Скопје сепак успеаја да го сочуваат водството и да стигнат до триумф вреден пласман во финалето.

Ѓорѓе Дреновац со 24 и Дамјан Стојановски со 19 поени беа најефикасните кошаркари кај победникот. Во редовите на Куманово повторно најдобар впечаток остави триото Александар Костовски 17, Урош Луковиќ 15 и Вукашин Мандиќ со 12 постигнати поени.

Почетокот на финалето во салата „Билјанини извори“ во Охрид е во 19 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он