Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и петтиот пораз во регионалната АБА лига.
Во мечот кој беше одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ а во рамките од 6. коло, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени од Мега Бемакс со 76:92 по четвртини 14-32, 22-25, 17-13 и 23-22.
Избраниците на Тодоров започнаа очајно, а по само две минути веќе губеа со 9-0. До крајот на четвртината негативата изнесуваше 18 поени (14-32), а на полувремето дури 21 разлика (36 : 57).
Вториот дел, иако МЗТ во два наврати успеа да стигне и до само пет поени негатива (65-70 и 70-75), сепак аеродромци нема сили да направат целосен пресврт, па на крајот загубија со 76-92.
Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Никола Ребиќ кој постигна 22 поени, додека кај МЗТ Скопје, Бојан Трајковски реализира 16, а Дамјан Стојановски средбата ја заврши со 13 поени.
Со овој пораз македонскиот првак е закован на дното на табелата, на дванаесеттото место.
Аеродромци имаат „скор“ од две победи и пет порази, колку што имаат на Задар и Олимпија тим кој е и следениот противник на МЗТ Скопје и тоа во мечот кој ќе се игра на 12 ноември (недела) во Љубљана .