МЗТ Скопје му пружи силен отпор на рекордерот Црвена звезда

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром одигра одлично второ полувреме и беше на чекор да направи изненадување на дуелот со Црвена звезда во регионалната АБА лига. Белграѓани до рекордната 13. победа стигнаа во неизвесна завршница, иако на полувреме имаа 20 поени предност.

Аеродромци со агресивна игра во одбраната и ефикасен напад водството на противникот кое по првите 20 минути изнесуваше 55:35, на крајот од третиот период го сведоа на само пет поени (61:56). Македонскиот шампион во 33.минута дури и поведе, но немаше сила докрај да го издржи силното темпо кое го наметна.

За прикажаната игра кошаркарите на двете екипи беа наградени со силен аплауз од петилјадната публика во СЦ „Јане Сандански“.

Александар Цветковиќ со 19 и Предраг Самарџиски со 17 поени беа најефикасни во тимот на МЗТ Скопје Аеродром, додека во победничката екипа најпрецизен беше Мајк Цирбес со 13 поени.

Резултати од 13.коло: Игокеа – Мега Лекс 70:63, Левски – Цибона 64:74, Крка – Олимпија 71:54, Металац – Задар 87:93, Цедевита – Шолнок 74:73 и Партизан – Будуќност 61:72.

Табела: Црвена Звезда 13-0 (победи-порази), Будуќност 11-2, Цедевита 9-4, Олимпија 8-5, Цибона 7-6, Крка 6-7, Партизан  6-7, Мега 6-7, Задар 6-7, Шолнок 6-7, Игокеа 4-9, Металац 4-9, МЗТ Скопје Аеродром 4-9, Левски 1-12.

МЗТ Скопје веќе в четврток против Мега исто така на домашен терен ги продолжува настапите во Јадранската лига.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска