МЗТ Скопје минимално поразен во Бар

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром иако имаа шанса да го избегната поразот, сепак не успеаја да го одбранат последниот напад на Морнар и со кош примен на 3,2 секунди до крајот загубија со 65:64 во 13.коло од регионалната АБА лига.

Аеродромци во последната секунда имаа шанса за да го однесат натпреварот во дополнителни пет минути, но Шарлон Клоф реализира само едно од двете слободни фрлања.

МЗТ Скопје кој на натпреварот настапи ослабен без четворица првотимци Ксавиер Темс, Стефан Синовец, Адем Мекиќ и Стојан Ѓуроски, го претрпе деветтиот пораз.

Јуре Лалиќ и Шарлон Клоф со по 14 поени беа најпрецизни во поразениот состав, Ѓорѓе Дреновац постигна 10, а Даниел Кларк девет поени.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром веднаш по натпреварот се враќаат кон Скопје, а во вторник заминуваат за Лас Палмас каде в среда против Гран Канарија ќе го одиграат последниот меч од Еврокупот.

Следната сабота, пак, во „Јане Сандански“ ќе гостува лидерот во АБА-лигата, Црвена звезда.

Вечерва во Скопје, вториот македонски претставник на Јадранот, тимот на Карпош Соколи е домаќин на Мега Лекс.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска