МЗТ Скопје ја има првата „меч топка“ за шампионската титула

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ја имаат првата „меч топка“ за освојување на шампионската титула во домашното првенство.

Аеродромци вечерва против Карпош Соколи ќе го играат четвртиот натпревар во финалето од плелејофот.

Актуелниот првак веќе има два триумфи во серијата подобар до три победи, па на МЗТ Скопје му треба уште една да ја обезбеди шестата во низа шампионска титула.

„Соколите“ ќе се обидат со триумф да го израмнат резултатит и да се изборат за мајсторка, преку која би бркале шанса за освојување на првиот шампионски трофеј.

Вечерашниот четврти натпревар меѓу Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.

Евентуалната мајсторка ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, а спортед календарот предвиден е за во среда (24 мај).

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он