Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром точно на пладне ќе го почнат дуелот со словенечка Крка во рамките на 9. коло од регионалната АБА лига.
МЗТ Скопје го дочекува овој натпревар со амбиција да „врзе“ две победи, но и со проблеми поради повредени играчи.
Крка важи за фаворит и поради домашниот терен и поради позитивниот биланс од четири победи и три порази во седумте натпревари што ги одигра досега.
Постигнати резултати на трите досега завршени натпревари од 9.коло:
Игокеа – Мега Лекс 64:67,
Карпош Соколи – Будуќност 77:71 и
Партизан – Цедевита 87:97.
Двојките за денес се:
Крка – МЗТ Скопје Аеродром,
Олимпија – ФМП,
Цибона – Црвена звезда и
Морнар – Задар.
Табела: Будуќност 8-1 (победи-порази), Црвена звезда 8-0, Цедевита 6-3, Партизан 6-3, Цибона 6-2, Игокеа 4-5, Мега Лекс 3-6, ФМП 3-5, Крка 4-3, Задар 3-5, Морнар 2-6, Карпош Соколи 1-8, МЗТ Скопје Аеродром 2-6, Олимпија 2-5.