Со натпреварите Олимпија – МЗТ Скопје и Задар – Цибона денеска ќе биде отворена новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.
Македонскиот шампион со речиси целосно нов тим влегува во новиот предизвик. Од минатата сезона тренерот Алеш Пипан на располагање ќе ги има само Марко Симоновски, Дамјан Стојановски, Данило Мијатовиќ, Адем Мекиќ и Љубомир Младеновски, тука е и рехабилитираниот Горјан Марковски, а на екипата и се приклучија седум нови играчи.
Ова е последна сезона во која МЗТ Скопје има гарантирано место во АБА лига, а од 2016/17 тоа место ќе му припадне на шампионот на Македонија.
Двојки за 1.коло во АБА лигата:
Денеска: Олимпија – МЗТ Скопје, Задар – Цибон, Будуќност – Крка и Црвена ѕвезда -Мега Лекс.
Утре: Тајфун – Сутјеска, Цедевита – Игокеа и Металац – Партизан.