Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја комплетираа листата на учесници на завршниот „Фајнал-фор“ турнир во Купот на Македонија.
МЗТ Скопје Аеродром во четвртфиналето и по втор пат ја победи штипската екипа Гоце Делчев. Аеродромци овојпат славеа победа од 95:83 пред својата публика, на мечот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански’’.
Кај победникот дури петмина кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а најмногу по 20 постигнаа Кирил Николовски и Стафан Синовец.
Посетување дека МЗТ Скопје славеше убедлива победа со 27 поени разлика (91:64) и на првата средба одиграна во Штип.
Со тоа МЗТ Скопје Аеродром кој е и актуелен бранител на трофејот во Купот на Македонија, им се приклучи на: Работнички, Кожув и Куманово во полуфиналната рунда.
Завршницата на 23-то издание на кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се одржи на 21 и 22 февруари 2015 година, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.