МЗТ Скопје го порази Работнички

Од:

МЗТ Скопје Аеродром уверливо со дури 36 поени разлика, или 80 : 44, го порази актуелниот шампион Работнички во првиот од серијата финални натпревари.

Најуспешен кај „металците“ беше капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени, проследен од Магдевски со 13 поени, Иванов со 10, а Вудард, Симоновски и Самарџиски постигнаа по девет поени.

Кај Работнички, единствените кои едвај постигнаа двоцифрена бројка се Јаневски со 13 и Стајиќ со 12 поени.

Инаку, плеј оф натпреварите ќе се играат наизменично, така што следниот натпревар, ќе се игра на паркетот на актуелниот шампион Работнички по само три дена, а титулата годинава ќе ја добие тимот кој прв ќе забележи три триумфа.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он