МЗТ Скопје го победи Кожув во дуел од Супер лигата

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа победа против Кожув во воведниот натпревар од 2. коло на Супер лига.

На средбата одиграна вечерва во Гевгелија, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над Кожув со 77:71 по четвртини 17-25, 21-16, 22-14 и 17-16.

По 20 поени за МЗТ Скопје постигнаа Ксавиер Теимс и Јуре Лалиќ кој придодаде и 8 скокови, додека поен помалку (19) имаше Ѓорѓе Дреновац.

Кај домашниот тим најзабележителен играч беше Американецот, Кениот МекНил кој постигна 19 поени, а имаша и по четири асистенции и скокови.

За МЗТ Скопје ова беше втора победа во Супер лигата, а за Кожув втор пораз.

Утре на програмата се другите два натпревара.

Во Кавадарци од 17 часот ќе започне мечот меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи, дуел кој практично е реприза на финалето во Купот на Македонија.

Во салата „Градски парк“ во Скопје, од 18 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу Работнички и Куманово.

Во борбата за опстанок, односно Плеј-аут лигата, попладнево се одиграат двата натпревара. АВ Охрид ја победи Струмица со 81:77, додека Вардар не успеја да ја оствари првата победа сезонава и загуби од Пелистер со 81:85 по продолжение откако регуларниот дел заврши нерешено 66:66.

На табелата во оваа конкуренција АВ Охрид има 22 бодови, еден повеќе од Струмица и Пелистер, додека последно пласираниот Вардар има 15 бодови.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он