МЗТ Скопје Аеродром значително ослабен ја пречекува Цедевита

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром се соочува со сериозни проблеми пред вечерашниот дуел на домашен терен со хрватска Цедевита во рамки на 3. коло од кошаркарскиот Еврокуп, со оглед што тренерот Александар Јончевски за оваа средба нема да може да смета на дури тројца стандардни првотимци.

Поради повреди, средбата ќе ја пропуштат Шарлон Клоф, Ѓорѓе Дреновац и Марко Симоновски, што значи дека македонскиот тим ќе биде исклучително ослабен на надворешните позиции, кои и онака беа најтенкиот дел од составот на „металците“. Холандскиот интернационалец има истегнување на препоните, непријатен спомен од неодамнешниот меч против Карпош Соколи на кој Дреновац ја обнови повредата на бутниот мускул на десната нога.

Симоновски, пак, има истегнување на задната ложа поради што не настапи на дуелот против „соколите“. Првичните лекарски прогнози се дека тројцата ќе бидат најмалку десетина дена отсутни од тренажниот процес на МЗТ Скопје Аеродром, со тоа што би можело паузата дополнително да биде продолжена во зависност од успешноста на рехабилитацискиот период.

– Ќе ни биде многу тешко утре против Цедевита, бидејќи ќе играме без тројца првотимци. Сега имаме само четири играчи на позициите еден, два и три, од кои двајца се уште се младинци. Но, нема однапред да се предадеме и покрај големите проблеми, туку ќе дадеме се од себе и ќе пробаме да го изненадиме силниот противник, кој зад себе има искуство и од настапи во престижната Евролига, вели тренерот Јончевски.

Отсуството на Клоф, Дреновац и на Симоновски ќе значи и поголема шанса за младите Адем Мекиќ и Андреј Цветковски, кои сигурно ќе добијат голема минутажа на утрешниот дуел.

Средбата почнува од 19 часот во салата „Јане Сандански“, а судии ќе бидат Јанис Фуфис (Грција), Ерсан Картал (Турција) и Ингус Бауманис (Летонија).

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он