Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром е пред нов предизвик во АБА лигата. Во рамките на 13.коло (последно од првиот дел), во Скопје ќе гостува лидерот на табелата непоразената екипа на Црвена Звезда.
За следниот ривал, тренерот Боби Митев на денешната прес-конференција изјави дека Црвена Звезда е квалитен тим, кој веќе се пласираа и во ТОП 16 фазата од Евролигата.
– Дуелот со Црвена Звезда е прв следен, но за нас многу поважни се наредните три од АБА лигата со Мега, Задар (гости) и Будуќност. Од исходите на тие дуели ќе зависи како ќе функционираме, рече Митев.
Извршниот директор на клубот Видоја Секуловски потврди дека е потпишан договорот од страна на Предраг Самарџиски, кој ќе треба до крајот на сезоната да биде дел од македонскиот првак и тоа дека се прават напори тој да биде во составот за натпреварот со Црвена Звезда што ќе се игра во понеделник во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Исто така беше напоменато дека е можно враќање на Стефан Синовец во редовите на МЗТ Скопје, а се очекува се да биде познато во понеделник.