МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1-0 во финалната серија од кошаркарскиот плеј оф

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј офот откако вечерва на домашен терен го совладаа тимот на Карпош Соколи со 77:76 (19:21; 22:19; 12:21 и 24:15).

По изедначеното прво полувреме во третиот период гостите со серија од 9-0 имаа водство по 30 минути од 61:53. Но, првакот „се врати“ во последната четвртина откако имаше серија од 18-2 и на две минути пред крајот водеше со 76:67. Сепак Карпош Соколи со три тројки стигна до изедначување од 76:76. МЗТ Скопје преку Ксавиер Темс, кој реализираше едно од двете слободни фрлања поведе со 77:76 на 17 секунди пред крајот, а Доминик Мавра не го реализираше последниот шут за гостите.

Ѓорѓе Дреновац од МЗТ Скопје со 26 поени беше најефикасен, додека Кендрик Пери кај Карпош Соколи постигна 21 поен.

Натпреварот број 2 од финалната серија се игра во вторник од 20 часот во Вип Арената во СЦ „Борис ТРајковски“.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он