МЗТ Скопје Аеродром ослабен ја пречекува Будуќност

Од:

Македонскот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечер без помошта на репрезентативецот Дамјан Стојановски ќе го играат натпреварот од 3. коло од АБА лигата. На гостувањето во Унгарија со Шолнок, Стојановски заработи повреда на дланката која ќе го принуди да паузира од 2-3 недели. На листата повредени играчи кај „металците“ се и Ѓорѓи Чековски и Кирил Николовски.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Будуќност се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот. Македонскиот првак по две кола има една победа (дома Унион Олимпија) и еден пораз (гости Шолнок).

Во ланската сезона Будуќност постигна две победи (Скопје – 76:69 и Подгорица 81:71).

Покрај овој натпревар денеска се играат и дуелите: Крка – Партизан, Задар – Цедевита и Црвена Звезда – Раднички.

Утре ќе се одиграат натпреварите: Мега Визура – Игокеа, Цибона – Шолнок и Широки – Унион Олимпија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска