МЗТ Скопје Аеродром ја забележа втората победа во Јадранската лига

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја остварија втората победа сезонава во Јадранската лига. Тие синоќа во рамките на 3.коло на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ го совладаа првакот на Црна Гора, Будуќност со 78:71 (24:11; 20:17; 20:24 и 14:19). Ова за „металците“ е прв триумф над Будуќност откако во ланската сезона ги загуби двата натпревара.

Одличниот старт и високото водство во првото полувреме (44:28) на македонскиот првак му овозможија помирна игра во поголемиот дел од натпреварот.

На стартот од второто полувреме МЗТ Скопје имаше и највисоки +18 (46:28), но упорните гости успеаја да се доближат на еден поен (72:71).

Најдобар поединец на дуелот беше Тодор Гечевски, кој имаше „дабл-дабл“ учинок 27 поени и 10 скокови. Двоцифрен број поени постигнаа Стефан Синовец 11, Урош Лучиќ 10 и Кејд Дејвис 10. Кај Будуќност најпрецизни беа Алекса Поповиќ и Александар Чапин со по 14 поени.

Поради повреда на дланката натпреварот го пропушти Дамјан Стојановски, додека во составот беше Ѓорѓи Чековски, кој по повредата на Европското првенство го одигра првиот натпревар оваа сезона.

На прес конференцијата тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Влада Вукоичиќ изјави дека самото присуство на Чековски во екипата ја крена дополнително атмосферата, донесе позитивна енергија и го намали притисокот. – Мора да напоменам дека Чековски настапи недоволно подготвен и имаше два тренинга со екипата, додаде тој.

На другите натпревари од 3.коло одиграни истотака синоќа Задар – Цедевита 66:73, Крка – Партизан 60:52 и Црвена Звезда – Раднички 88:51.

Денеска ќе се комплетира оваа рунда со натпреварите Широки – Олимпија, Цибона – Шолнок и Мега Визура – Игокеа.

Следниот натпревар „металците“ го играат на 15.октомври во рамките на Еврокупот гостуваат кај Рига, додека во АБА лигата во 4.коло ќе гостуваат кај лидерот Цедевита.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска