Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево постигнаа нова победа во АБА лигата откако во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа Мега Визура со 75:74 (23:21; 21:13; 24:22 и 7:18) во првиот натпревар од 20. коло.
Ова за македонскиот шампион е вкупно шеста победа во шампионатот.
МЗТ Скопје беше подобар во првите три четвртини и по 30 минути игра водеше со 68:56, но дозволи победата да ја извојува во последните секунди откако гостите последниот период го добија со 18:7.
Притоа Мега во последната минута поведе со 74:73, но МЗТ Скопје во два напада реализираше по едно слободно фрлање преку Чарлтон Клоф и Ксавиер Темс, аиграчите на Мега не го реализираа последниот напад.
Џош Скот со 17 поени и 12 скока беше најдобриот поединец во редовите на МЗТ Скопје и на дуелот. По 20.то коло МЗТ Скопје има биланс од шест победи и 14 порази исто колку и нивниот денешен ривал Мега.