Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва со победата 81:62 над Олимпија ја прекина серијата од шест порази во ова натпреварување. Кошаркарите на МЗТ Скопје се радуваа на триумф првпат во АБА лигата по 25. октомври.
По четвртини резултатот беше: 17:14, 21:10, 23:14 и 20:24. Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Стојановски со 20 поени.
На вчера одиграниот дуел од 14.коло Сутјеска – Тајфун 51:60, а вечерва од 21 часот играат: Крка – Будуќност.
Утре играат: Цибона – Задар, Игокеа – Цедевита, Партизан – Металац, а во понеделник е дуелот Мега – Црвена Звезда.
Табела: Будуќност 11-2 (победи-порази), Црвена Звезда 10-3, Цедевита 10-3, Мега 9-4, Тајфун 7-7, Задар 7-6, Олимпија 6-8, Крка 6-7, МЗТ Скопје А. 5-9, Игокеа 5-8, Партизан 5-8, Металац 5-8, Сутјеска 4-10 и Цибона 4-9.