МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Задар

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром натпревари игра во НБА ритам и вечерва во рамките на 15. коло од АБА лигата гостува во Задар кај истоимената домашна екипа.

Пред два дена МЗТ Скопје дома славеше победа над Мега, а веќе избраниците на тренерот Боби Митев имаат нов предизвик. Со евентуален триумф „металците“ ќе го подобрат својот пласман (13.место) бидејќи само една победа е разликата од седмопласираната Крка.

Покрај дуелот Задар – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 19 часот) се играат уште три натпревари: Црвена Звезда – Цибона, Цедевита – Олимпија и Крка – Партизан. Утре на програмата се два дуела: Будуќност – Игокеа и Мега – Левски, додека последниот дуел Металац и Шолнок на програмата во понеделник.

Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Будуќност 11-3, Цедевита 10-4, Олимпија 8-6, Цибона 8-6, Партизан 7-7, Крка 6-8, Мега 6-8, Задар 6-8, Шолнок 6-8, Игокеа 5-9, Металац 5-9, МЗТ Скопје 5-9, Левски 1-13.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска