МЗТ Скопје Аеродром домаќин на ФМП

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска во рамките на 10. коло од АБА лигата го пречекува тимот на ФМП. Со овој натпревар ќе стартуваа возбудувањата во оваа рунда. „Аеродромци“ имаат две победи во ова натпреварување, додека нивниот ривал една повеќе. Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.

Вториот македонски претставник во АБА лигата тимот на Карпош Соколи во ова коло игра против првакот на натпреварувањето Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во 18 часот во понеделник (21.ноември).

Другите дуели од оваа рунда се играат во деновите од викендот: Мега – Морнар, Задар – Партизан, Крка – Игокеа (сабота), Будуќност – Олимпија и Цедевита – Цибона (недела).

Табела: Црвена Звезда 18 бодови, Будуќност 17, Цедевита 15, Цибона 15, Партизан 15, Игокеа 13, Крка 13, Задар 13, ФМП 12, Мега 12, Олимпија 11, Морнар 11, МЗТ Скопје А. 11, Карпош Соколи 10.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска