МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ ја совлада Блокотехна со 89:72 и поведе со 2:1 во полуфиналната серија од плејофот.
Иако гостите на старот од натпреварот поведоа со 0:6, МЗТ го искористи домашниот терен и за неколку минути стигна до предност од 12 поени (23:11) во првата четвртина.
Блокотехна во неколку наврати успеа да ја намали предноста, но домаќините не дозволија изненадување и постојано го одржуваа водството.
Серијата се игра до три победи, а следниот натпревар е закажан за вторник во Гевгелија.
Во другата серија Работнички води со 2:0 против Куманово.