МЗТ Скопје на домашниот терен ја совлада Блокотехна со 80:74 во првиот меѓусебен дуел од полуфиналната серија од плејофот и поведе со 1:0.
Натпреварот во „Јане Сандански“ ги оправда очекувањата за почеток на плејофот за титула, а двете екипи одиграа квалитетно и го дадоа максимумот.
Шутот за три поени значајно придонесе за победата на МЗТ, кои погодија дури 17 тројки, а Марко Симоновски одигра одлична партија реализирајќи девет тројки и постигна вкупно 27 поени.
Значаен фактор во триумфот беше и поголемиот избор на кошаркари во ротацијата кај МЗТ, што дојде до израз во последните десет минути, во кои веќе се чувствуваше замор кај Блокотехна.
Следниот натпревар од серијата се игра во петок во Гевгелија.