Голманот на уругвајската фудбалска репрезентација Фернандо Муслера се соочува со ризик да го пропушти Светското првенство кое почнува на 14 јуни.
Чуварот на мрежата на Галатасарај се повреди на еден од последните тренинзи со националниот тим и неизвесно е дали ќе закрепне на време.
Во уругвајската репрезентација се надеваат дека нивниот голман ќе успее да се врати во форма и дека ќе ја надмине повредата.
Досега Муслера има 96 репрезентативни настапи.
Двократните светски шампиони го започнуваат своето учество на Светското првенство на 15 јуни против Египет, а нивните други ривали во групата се Саудиска Арабија и домаќинот Русија.