Мусиала втор најмлад стрелец во историјата на Германија

Од:

Осумнаесетгодишниот фудбалер на Баерн Мимхен, Џамал Мусиала го постигна првиот гол за репрезентацијата на Германија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022.

Тој синоќа во Скопје се запиша во листата на стрелците постигнувајќи го четвртиот гол во триумфот над македонската репрезентација со 4:0.

Мусиала стана вториот најмлад стрелец во историјата на националниот тим со 18 години 227 дена.

Прв на оваа листа е Мариус Хилер, кој се истакна на возраст од 17 години и 241 дена. Ова се случи во 1910 година, кога репрезентацијата на Германија (Германската империја во тоа време) ја победи Швајцарија (3:2). За Хилер, тој гол беше единствениот во германската репрезентација. Потоа, тој се пресели во Аргентина, каде одигра и неколку натпревари за националниот тим на „гаучосите“.

Би можело да ве интересира

Халанд по пет недели пауза се враќа на теренот

Ана Ололовска

Баерн Минхен ги крати платите за невакцинираните фудбалери

Катерина Павлова-Николовска

Ноер сака да остане во Баерн барем до 2025 година

Ана Ололовска

Толисо има намера да го напушти Баерн како слободен играч следното лето

Ана Ололовска

Баерн израмни бундеслигашки рекорд стар 57 години

А1он

Нагелсман импресиониран од изданијата на Баерн на стартот на сезоната

Ана Ололовска