Мусала потпиша за Баерн Минхен до 2026 година

Од:

Младиот офанзивен играч за врска на Баерн Минхен, Џамал Мусала, го потпиша својот прв професионален договор, обврзувајќи се на верност кон актуелниот европски првак до јуни 2026 година.

Мусала, кој минатата недела го прослави својот 18 роденден, дојде во јуниорскиот тим на Баерн во 2019 година од лондонски Челзи, и веќе испиша историја, откако на крајот од јануари стана најмлад стрелец на Баерн во Лигата на шампиони, постигнувајќи гол во триумфот на „баварците‘ од 4:1 над Лацио во Рим.

-Сакам уште повеќе да напредувам и да освојувам трофеи со Баерн, изјави Мусала по потпишувањето на четиригодишниот договор со „баварците“, за кој финансиските детали не се соопштени.

Како фудбалер со двојно, германско и британско државјанство, Мусала во младинските категории настапуваше за двете репрезентации, а минатиот месец донесе одлука во иднина да настапува за Германија.

Мусала се очекува да се најде на списокот на селекторот Јоаким Лев веќе овој месец за претстојните квалификации за Светското првенство, во кои Германија е во група со македонската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска