Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо очекува следната сезона да биде полесна за него во клубот од „Олд Трафорд“.
Мурињо засега нема резултати според планот и амбициите и се наоѓа на 5.место во Премиер лигата, но се уште е во игра за освојување на Лига Европа што би значело автоматски пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
– Во наредната сезона ќе знам каде сме грешеле. Сега знам зашто некои фудбалери играат, а некои не. Во клубот сум десет месеци и тоа е долг период. Втората сезона е многу полесна од тренерски аспект, изјави Португалецот.
Манчестер Јунајтед утре во рамките на 30.коло го пречекува Вест Бромвич Албион.