Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо прогнозира дека младата француска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе ги подобри сите трансфер рекорди, ако дојде до негова продажба.
– Не можеме да знаеме што ќе се случи по пет или десет години. Тој сега е неверојатен. Возраста е многу важна во трансферите и, од оваа гледна точка, Мбапе е најскапиот играч во моментот. Ако стане збор за негов трансфер, тоа ќе биде рекорд, вели Мурињо пред „Беин Спортс“.
Во меѓувреме стана јасно дека Мбапе и клубскиот колега Адриен Рабио биле казнети со по 180.000 евра поради задоцнување за состанок на тимот пред натпреварот со Марсеј од 11-тото коло на 28 октомври минатата година.
Парите беа префрлени на сметките на Фондацијата на ПСЖ.