Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ја коментираше тешката победа на тимот од 2:1 над Локомотив Пловдив во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
– Сакам да му честитам на Локомотив, нивниот перформанс беше одличен, почит кон нив, тие се бореа, во 70-та минута успеаја да постигнат гол, во првото полувреме имаше ситуации, имаше и пенал, кој ако имаше ВАР ќе беше досуден, честитки за нив. Беше тешко да им ги натерам играчите да разберат дека ќе биде тежок натпревар. Ако игравме на два натпревари, работите во Лондон ќе беа поинакви, но ова се условите. Ова е турнир што се обидуваме да го освоиме, не е лесно кога играте на еден натпревар, знаевме дека ќе биде тешко. Мора да победуваме, загубивме од Евертон, но исто така мора да победуваме и во Премиер лигата, изјави Мурињо по мечот.
Следниот противник за Специјалниот и лондонскиот тим во 3. коло е тетовска Шкендија.