Мурињо обвини дека се води кампања против Челзи

Од:

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо искажа револт по дуелот на неговата екипа и Саутемптон кој заврши нерешено 1:1. Португалецот смета дека на Челзи не му бил досуден чист пенал по стартот над Цеск Фабрегас кому судијата му додели и жолт картон поради симулирање.

– Медиумите, коментаторите, другите менаџери, сите вршат притисок врз судиите кога игра Челзи. Постои кампања против мојот клуб, не знам зошто ниту ме интересира. Сите знаат дека постоеше пенал. Судијата направи грешка, луѓето грешат, но овој судија направи голема грешка. Во други земји ова е вест за насловните страници, бидејќи во прашање е апсолутен скандал, изјави Мурињо за англиските медиуми и додаде дека „сините“ од Лондон заслужуваат да бидат на првото место.

По 19 коло во Премиер лигата Челзи е лидер со три бода предност пред шампионот Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска